
Обезбедување на Аца Лукас - концерт и личнa безбедносна поддршка
Агенцијата за обезбедување ИСГ Бранител Македонија со уште еден успешен поминат ден на обезбедување на настан во СЦ Борис Трајковски со познатиот балкански пејач Аца Лукас.
Благодарение на беспрекорната координација помеѓу нашиот тим и одговорните лица, настанот помина без никакви проблеми и интервенции.
Нашиот тим се грижеше за безбедноста на настанот, пристапот до различните зони и непреченото одвивање на концертот, како и за личната безбедносна поддршка на изведувачот за време на неговиот престој во Скопје.

Координација и контрола на пристапот
На концертите, безбедносните задачи не се ограничени само на присуството на обезбедувачите во салата. Потребно е да се воспостави контрола на пристапот до различните зони, да се следи движењето на посетителите и да се овозможи непречена работа на изведувачите и организацискиот тим.
За време на концертот, нашиот тим беше задолжен за обезбедување на артистите, контрола на пристапот до бината, влезовите и ВИП-ложата, како и за одржување на редот во салата. Секоја од овие позиции има своја улога во целокупната безбедносна организација, а нивната меѓусебна координација е важна за навремено споделување информации и соодветно постапување доколку се појави потреба.

Лична безбедносна поддршка на изведувачот
Покрај обезбедувањето на самиот концерт, ИСГ Бранител Македонија обезбеди и лична безбедносна поддршка за Аца Лукас за време на неговиот престој во Скопје.
Овој тип ангажман има поинаков фокус од обезбедувањето на просторот и публиката. Тој подразбира безбедносна поддршка приспособена на потребите на лицето, неговите обврски и движењето за време на престојот, со почитување на договорениот опсег на ангажманот и потребното ниво на дискреција.
Кога личната безбедносна поддршка е дел од поширок ангажман, важно е таа да биде усогласена со организацијата на настанот. Така се овозможува координиран пристап кон различните безбедносни задачи, без непотребно попречување на програмата и обврските на изведувачот.
Професионално обезбедување приспособено на настанот
Секој настан има свои специфики, во зависност од бројот на посетители, просторот, програмата и потребите на организаторот и учесниците. Затоа, безбедносниот ангажман бара соодветна подготовка, јасно дефинирани одговорности и координација меѓу сите вклучени страни.
ИСГ Бранител Македонија обезбедува настани и лична безбедносна поддршка, со пристап приспособен на конкретните потреби на секој ангажман.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од тимот на Агенцијата за обезбедување имот и лица ИСГ Бранител Македонија кликнете тука