Превентивно патролно обезбедување
Превентивното патролно обезбедување претставува организиран систем за континуирана контрола, мониторинг и брза интервенција при безбедносни ризици, сомнителни активности или алармни сигнали на обезбедените објекти.
ИСГ Бранител Македонија обезбедува 24-часовен мониторинг на алармни системи и видео надзор, со постојана координација помеѓу мониторинг центарот и патролните екипи на терен.
Во случај на евидентиран проблем, активирање на аларм или друга безбедносна состојба, најблиската патрола интервенира веднаш согласно утврдените оперативни процедури.
Организирана теренска поддршка и брза реакција
Патролите се организирани по реони со цел овозможување навремена и ефикасна интервенција на терен.
Нашите тимови вршат:
- контрола и проверка на објектите,
- интервенција при активиран аларм,
- проверка при сомнителни активности или нарушување на безбедноста,
- координација со мониторинг центарот и надлежните служби,
- превентивно присуство и надзор на терен.
Најблиската патрола интервенира во време до 5 минути, во зависност од локацијата и безбедносната состојба.
Интервенција преку паник тастер
Во рамки на превентивното патролно обезбедување, ИСГ Бранител Македонија нуди и интервенција преку паник тастер.
Со активирање на паник тастерот, сигналот веднаш се пренесува до мониторинг центарот, по што се координира брза реакција и испраќање на патролна екипа на локацијата.
Овој систем овозможува дополнително ниво на сигурност за приватни и деловни објекти, вработени и корисници кои имаат потреба од навремена поддршка и реакција.
Континуирана заштита и превенција
Превентивното патролно обезбедување не подразбира само реакција при инцидент, туку и постојано присуство, контрола и превенција со цел навремено откривање и спречување на потенцијални безбедносни ризици.
Со организирана мрежа на патролни тимови, сопствен мониторинг центар и координиран оперативен пристап, ИСГ Бранител Македонија обезбедува сигурна и ефикасна заштита на имотот и објектите.
ИСГ Бранител Македонија сите свои услуги ги извршува во согласност со прописите кои се уредени со Законот за приватно обезбедување.