Агенција за обезбедување

  • Физичко обезбедување
  • Техничко обезбедување
  • Превентивно патролно обезбедување
  • ВИП обезбедување
  • Оградување и обезбедување на настани
  • Мониторинг

Оградување и обезбедување на настани

За успешно и непречено одржување на секој настан, покрај добрата организација, неопходно е навремено поставување на соодветни безбедносни мерки и контрола на просторот.

ИСГ Бранител Македонија нуди професионални услуги за оградување и физичко обезбедување на јавни, корпоративни, културни, спортски и музички настани, со организиран пристап во сите фази од реализацијата.

Во рамки на услугата обезбедуваме:

  • изнајмување, транспорт и поставување на заштитни огради,
  • изработка на план за обезбедување,
  • контрола на пристап и движење,
  • физичко обезбедување на просторот,
  • обезбедување на сценски, технички и VIP зони,
  • координација со организаторите и надлежните служби.

Подготовка пред настанот

Пред започнување на настанот се врши:

  • проверка на објектот и просторот каде што ќе се одржува настанот,
  • проверка и координација со сценско-техничката екипа,
  • распоредување на работниците за обезбедување согласно планот за обезбедување,
  • поставување на огради и дефинирање на контролирани зони,
  • обезбедување на сцената и просторот од неовластен пристап.

За време на настанот

За време на одржувањето на настанот, нашите тимови вршат:

  • физичко обезбедување со професионални обезбедувачи,
  • контрола на пристап и движење на посетителите,
  • безбедносно прифаќање на учесници и изведувачи,
  • обезбедување на простори за подготовка и престој на изведувачите,
  • постојана комуникација со организаторот и надлежните служби,
  • следење на безбедносната состојба и навремена реакција по потреба.

По завршување на настанот

По завршување на настанот се врши:

  • контрола и проверка на сцената и опремата,
  • обезбедување на просторот до целосно заминување на посетителите и учесниците,
  • организирано отстранување на поставените огради и безбедносна опрема.

 

Со професионален пристап, координација и присуство на терен, ИСГ Бранител Македонија обезбедува сигурна поддршка за непречено одвивање на настаните од различен тип и обем.

Побарај понуда за обезбедување Техничко Обезбедување физичко обезбедување Превентивно патролно обезбедување
безбедносни огради